Ватерполистите на Ференцварош во драмтичното финале успеаја да го победат Про Реко со 12:11 (2:2, 4:2, 3:3, 3:4). Унгарскиот тим втор пат во својата историја стана европски првак.
Исклулително квалитетниот натпревар, во кој Ференцварош го диктираше темпото се случи на четири минути и 27 секунди до крајот при водство на Ференцварош 9:8.
Грата постигна гол за 9:9, но истиот беше поништен поради бруталити фаулот на Заланки. Про Реко четири минуит играше со играч помалку.
Ференцфарош постигна гол од пенал, а потоа во последните четири кинути судиите го одржуваа Про Реко во живот. Сите напади до крајот на мечот Про реко ги завршуваше со двајца играчи повеќе, а еднаш имаа и тројца играчи плус во базенот.
Кога италијанскиот ти се копмлетираше во последниот напад при резултат 12:11, Мандиќ го изблокира шутот на Кондамина.
Душан Мандиќ постигна четири гола, Стилијанос Агриропулос, Денес Варга, Силард Јаншик по два гола. Кај Про Реко по два гола постигнаа Матео Грата, Константинос Какарис и Арон Јангер.