Топлотен бран на Кипар, температурите се искачуваат до 44 степени

toplo3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Топлотниот бран што го зафати Кипар пред неколку дена ги доведе дневните температури над 40 степени Целзиусови, а денеска, како што соопшти кипарската метеоролошка служба, се очекува да достигне до 44 степени Целзиусови во областа на Никозија и околината.


Топлотниот бран започна во понеделникот, а синоптичарите велат дека ќе продолжи и следната недела. Дури и ноќе, термометрите покажуваат вредности само малку пониски од 30 степени Целзиусови.

Лекарите предупредуваат дека ваквите високи ноќни температури се опасни бидејќи им оневозможуваат на луѓето квалитетен сон, а тоа значи дека телото не може да се опорави од топлината поради неподносливите температури.

„Спарно е и жешко“, коментира турист на кипарска телевизиска програма во петокот наутро.

Министерството за труд нареди да се прекине целата работа на отворено во текот на денот. Потрошувачката на електрична енергија во четвртокот ја достигна горната граница на капацитет поради интензивното користење на клима уредите, соопшти компанијата за снабдување со електрична енергија. Поради тоа, електраната, која досега беше на одржување, повторно беше приклучена на мрежата.

Поради неподносливите температури денеска училиштата беа принудени да ја прекинат наставата.

Министерството за здравство ги советуваше сите, особено туристите, да носат лесна облека во светли бои, да пијат многу вода и да останат под сенка.

Лекарите постојано советуваат да не се консумира алкохол или тешка и масна храна.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK