Маж од Холандија со тешки повреди пренесен во болница во Гостивар, изгубил контрола врз мотоциклот и паднал

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 12.30 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на локален пат за гостиварски Врбен, во близина на Национален парк „Маврово“, 57-годишниот В.О. од Кралството Холандија, управувајќи мотоцикл „ктм“, изгубил контрола и паднал на коловозот, извести МВР.



„Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицински центар во Гостивар“, соопшти МВР.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK