Пронајдени девет мигранти од Сирија во возило кое се движело од Гевгелија кон Скопје

Уапсен-19-годишник-од-Слупчане-не-застанал-на-знак-за-сопирање.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Вчера во 18.10 часот во Полициската станица за граничен надзор Михајлово било пријавено дека во тунелот на „Јаворица“, во правец од Гевгелија кон Скопје, било забележано возило кое превезува мигранти, извести МВР.

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово излегле на местото и затекнале патничко возило „форд мондео“ со скопски регистарски ознаки и при преглед во него биле пронајдени девет лица мигранти од Сирија, соопшти МВР.

Мигрантите бил предадени во полициска станица понатамошна постапка, а при извршена проверка било утврдено дека регистарските таблички припаѓаат на друго возило од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK