(Видео) Терористички напад пред израелската амбасада во Белград, напаѓачот е убиен – прогласено „црвено“ ниво на опасност


napad-srbija-beograd.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Малолетник од Шабац синоќа со нож нападна припадник на Жандармеријата пред Амбасадата на Израел во Белград. Полицискиот службеник го усмрти напаѓачот во самоодбрана. По нападот – кој се третира како терористички чин – низ цела Србија е прогласено највисоко ниво на готовност („црвено“ ниво), пренесува Telegraf.rs.


Нападот се случил петнаесет минути по полноќ. Според Министерството за внатрешни работи на Србија, малолетникот извикал „Алаху Акбар“ и со два ножа насрнал кон полицискиот службеник. Припадникот на Жандармеријата го усмртил напаѓачот во самоодбрана, при што и самиот се здобил со исеченица на лицето.

Прогласено „црвено“ ниво на готовност
Прогласувањето на „црвено“ ниво на терористичка закана подразбира зголемено присуство на вооружени полициски патроли на улиците. Полициски службеници со целосна опрема обезбедуваат локации со голема фреквенција на луѓе, како што се трговски центри, железнички и автобуски станици, како и аеродроми. Исто така, засилено е обезбедувањето на дипломатските претставништва, а на клучните локации низ земјата се спроведуваат построги контроли и претреси.

Министерот Дачиќ: Напаѓачот бил поддржувач на „Исламска држава“
Министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, изнесе детали за инцидентот и потврди дека напаѓачот им бил познат на безбедносните служби. „Еден малолетник, за кого претпоставуваме дека е од Шабац, нападна припадник на Жандармеријата со два ножа, извикувајќи ’Алаху Акбар‘.“

Тој додаде дека лицето било симпатизер на терористичка организација. „Тој е поддржувач на ’Исламска држава‘. Нашата служба го следеше. На својот профил на Инстаграм имаше објавено црно знаме и симболи на таа организација“, појасни министерот, објави РТС.

Повредениот полицаец е во стабилна состојба
Министерот Дачиќ и директорот на полицијата, генералот Драган Васиљевиќ, го посетија повредениот полицаец во болница. Неговата состојба е добра и се очекува денеска да биде пуштен на домашно лекување. Истрагата за сите околности на нападот е во тек, а полициските сили остануваат во состојба на висока готовност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK