Преку повикувачкиот број за итни повици 112, околу 12.00 часот била добиена дојава за повредено лице кое удрило во камен во Охридското Езеро.
Истото со кајче било пренесено до пристаништето на хотелот „Александрија“ во Охрид.
За итниот случај, од страна на ЦУК веднаш била известена Итна медицинска помош.
Лицето како што информира ЦУК, веднаш било превземено од нивна страна и истото е пренесено во болницата во Охрид на одделот за хирургија.
Според последните информации од ЦУК, лицето е надвор од животна опасност.
ЦУК соопшти дека повредениот е странски државјанин од Холандија.