Уапсени, па ослободени со кауција осум деца за силување малолетничка во Британија, меѓу нив и 12-годишник

h_54464468-800x533.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Британската полиција денеска уапси уште четири лица во Нотингемшир под сомнение дека силувале малолетничка, меѓу кои 12-годишно и 13-годишно дете, и двајца 14-годишници.


Полицијата во Нотингемшир објави дека сите четворица малолетници се ослободени откако платиле кауција со строги услови, пишува Гардијан.

Полицијата во Нотингемшир добила пријава дека тинејџерка била нападната на игралиште на Јорк Драјв во Нотингемшир на 25 мај.

Четири други лица, две на возраст од 15 и две на возраст од 16 години, беа уапсени претходно оваа недела под сомнение за силување, а сите четворица беа ослободени со кауција, соопшти полицијата.

Полицијата апелираше до локалните жители да излезат со информации, а истрагата продолжува.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK