Подгответе се за нови, возбудливи, урбани МINI приказни!
Стил, технологија, препознатливо МINI картинг чувство при возењето и современ пристап во дизјанот ја карактеризираат новата MINI фамилија. Компанијата М Кар ги претстави новите MINI Cooper и МINI Countryman, кои се истовремено модерни и традиционални и зрачат со експресивен минимализам.
„Новите MINI автомобили ја евоцираат историјата на брендот. Со своето ново семејство, MINI поставува нови стандарди за комфор, уживање во возењето и корисничко искуство, додека истовремено го одржува својот одговорен став кон околината. Петтата генерација на MINI Cooper претставува едноставност во најхаризматична форма. Со чист дизајн и компактна силуета, MINI Cooper е олицетворение на основната идеја на брендот: максимално задоволство при возењето со минимален еколошки отпечаток. Автомобилот е идеален за сите оние што сакаат да возат класичен MINI со 3 врати, но ги сакаат перформансите и карактеристичниот звук на мотор со внатрешно согорување. Новиот MINI Countryman пак е нашиот автомобил за целото семејство. Овој модел не е само поголем во висина, должина и простор во внатрешноста, туку и доаѓа со значително подобрен карактер, изглед и искуство при возење. Сега е уште поприсутен, попростран и постабилен.“, изјави Билјана Колемишвска, одговорна за маркетинг комуникации и ПР во компанијата М Кар.
Дизајнерскиот јазик на новиот МINI Cooper е олицетворение на традиционалните вредности на брендот и импресивни иновации. Елегантниот, минималистички дизајн на внатрешноста на MINI Cooper е инспириран од класичниот MINI. Типичните MINI пропорции заедно со впечатливата предна решетка, му го даваат препознатливиот лик на новиот модел. Дигиталните иновации и восхитувачкото корисничко искуство се белези на внатрешноста. Централниот OLED екран, за првпат во кружна форма е дефинирачки елемент на внатрешноста, центар на искуството и удобноста. Новиот волан, класичниот MINI „toggle bar“ и контролната табла од текстил во две нијанси создаваат чувство на пространост во кабината.
Новиот MINI Countryman е модерен и дигитален, урбан автомобил со великодушната просторност. Повисок, подолг – со дополнителни шест центиметри во висина и тринаесет центиметри во должина, новиот MINI Countryman значително пораснал во споредба со неговиот претходник.
Новите MINI aвтомобили нудат многубројни системи за помош на возачот за безбедно и удобно задоволство при возењето. Благодарение на MINI Operating System 9, сите функции на возилото може да се управуваат интуитивно преку допир или глас. За првпат во MINI многубројни функции може да се контролираат користејќи го првиот MINI Intelligent Personal Assistant. MINI гласовниот асистент може да се активира со поздравот „Hey MINI!“ или со притискање на копчето за зборување на воланот. Новитe MINI Experience Modes и проширените системи за помош на возачот ги прават го прават градското возење уште поудобно и позабавно. Како стандардна, функцијата Safe Exit ја мониторира околината околу паркираното возило и ги предупредува минувачите на патот што се доближуваат пред да се отвори вратата. Функцијата не само што го одложува отклучувањето на вратите туку и користи светлосни сигнали надвор од возилото за да предупреди за можен судир. На патот, пакетот MINI Navigation опционално овозможува поддршка со 3D визуелизација и Augmented View, ја прикажува моменталната ситуација во сообраќајот, дава информации за опции за паркирање, вклучително и опции за дигитално плаќање и многу повеќе од тоа.
Покрај целосно електричните модели, новото портфолио на погонски склопови на новиот MINI со три врати го надополнуваат два моќни бензински мотори со избор од три или четири цилиндри: Четирицилиндричниот MINI Cooper S е со зголемени перформанси со 50 kW/204 кс, додека трицилиндричниот MINI Cooper C е со излезна сила од 115 kW/156 кс.
Новите бензиски MINI Cooper модели се веќе во продажба со разновидни промотивни пакети. Промотивната понуда за новиот MINI Cooper C за 2024 г. почнува од 29.500 евра.
Новиот MINI Countryman е достапен со иновативни и ефикасни бензински мотори. Се нуди како MINI Countryman C со погон на предните тркала, MINI Countryman S ALL4 со погон на сите тркала и моделот со зголемена моќност со погон на сите тркала во едицијата MINI Countryman JCW ALL4. Новиот MINI Countryman е достапен и како дизел варијанта со ознаката MINI Countryman D. Целосно електричниот MINI Countryman е достапен во две верзии: MINI Countryman E со опсег од 462 км и MINI Countryman SE ALL4 кој што постигнува опсег од 433 км.
Промотивна понуда за новиот MINI Countryman C за 2024 г. почнува од 45.990 евра.