Принцезата Кејт, која во март откри дека страда од карцином, сега „многу подобро го толерира лекот“ што го добива за време на постапката на превентивна хемотерапија, пренесува „Vaniti Fair“.
„Тоа беше големо олеснување што го толерира лекот и дека таа и е навистина многу подобро“, се вели во соопштението.
„Тоа беше, се разбира, многу предизвикувачко и загрижувачко време. Сите се собраа околу неа – Вилијам, нејзините родители и нејзината сестра и брат“, велат изворите.
По наводното сознание дека принцезата на Велс била „надвор“ со семејството во последните денови додека го продолжува третманот на превентивна хемотерапија, се појавија шпекулации и кога Кејт ќе се врати во официјалните обврски.
Иако постојат индикации што укажуваат дека Кејт може да се врати во есен, палатата и кралските инсајдери потенцираат дека официјалниот датум на враќање сè уште не е планиран.