Вашингтон ја обвини Москва дека лансирала сателит за кој американското разузнавање верува дека е оружје способно да следи и да напаѓа други сателити, тврдење што Русија денеска го отфрли како лажно.
Американската вселенска команда во вторникот соопшти дека Русија лансирала антисателитско оружје во исто време кога САД лансирале нов сателит во ниската орбита, пренесува „Ројтерс“.
Претходно овој месец, САД укажаа на лансирањето на ракетата „Сојуз“, која наводно носела најмалку девет сателити вклучувајќи го и COSMOS 2576, тип на руско надзорно вселенско летало од руската локација за лансирање Плесец.