Хамнеи ја предводеше молитвата за Раиси, на испраќањето во Техеран повеќе од 50 делегации

фд-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, денеска водеше молитва во присуство на стотици илјади луѓе во Техеран, на погребот на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и други официјални лица кои загинаа во хеликоптерска несреќа.


Хамнеи ги водеше молитвите на Универзитетот во Техеран, во присуство на високи странски достоинственици, а ковчезите со телата на Раиси и други официјални лица кои загинаа во хеликоптерската несреќа во неделата беа однесени на плоштадот на револуцијата во центарот на Техеран, каде што ќе се одржи комеморацијата, пренесува ИРНА.

Се очекува околу 16 часот по локално време на комеморативната церемонија на Раиси да присуствуваат странски државници, според иранските медиуми, околу 50 делегации.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK