Ливерпул дефинитивно го потврди доаѓањето на Арне Слот за менаџер.
Клубот од Енфилд на социјалните мрежи објави дека токму холандскиот стручњак ќе ги предводи „црвените“ во наредните години.
„Ливерпул може да потврди дека Арне Слот се согласил да биде нов менаџер на клубот и тој официјално ќе ја преземе таа функција од 1 јуни, откако ќе добие работна дозвола“, се вели во соопштението на Ливерпул.
We can announce Arne Slot has agreed a deal to become the club’s new head coach, formally taking up the position on June 1, 2024, subject to a work permit 🙌
— Liverpool FC (@LFC) May 20, 2024
Слот на кормилото ќе го замени Јирген Клоп, кој реши да се пензионира по девет години.
Слот пристигнува по три многу успешни сезони во холандскиот фудбал со Фејенорд, кој го водеше до титулата минатата година и двапати беше менаџер на годината.
Во април со клубот од Ротердам го освои Купот на Холандија со победата над НЕЦ од 1:0.