Иранската државна агенција објави видео на кое се гледа како спасувачите ги носат телата на загинатите во хеликоптерската несреќа.
Да потсетиме, меѓу жртвите е и претседателот на Иран, Ебрахим Раиси.
تصاویری از انتقال پیکر شهدا توسط امدادگران هلال احمر و تکاوران نیروی زمینی ارتش به مناطق پایین دست pic.twitter.com/4frTVrqe9H
— خبرگزاری ایرنا (@IRNA_1313) May 20, 2024
На видеата се гледа како спасувачите на носилки, низ густа шума, носат тело покриено со ќебе.
Не се знае дали се работи за телото на претседателот Раиси.
Претходно беше најавено дека телата на жртвите ќе бидат пренесени во градот Табриз.
Според неименувани официјални лица, некои тела биле изгорени до непрепознатливост.
Покрај Раиси, во хеликоптерската несреќа загина и министерот за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан.