Шефот на израелската воена разузнавачка служба поднесе оставка

Русија-постои-опасност-Израел-да-употреби-хемиско-оружје.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шефот на израелската воена разузнавачка агенција поднесе оставка поради неуспехот за нападот на Хамас на 7 октомври, соопшти војската.


Генерал-мајор Ахарон Халива стана првиот висок функционер кој се повлече поради неговата улога во најсмртоносниот напад во историјата на Израел.

Халива во октомври рече дека тој е виновен што не успеал да го спречи нападот на Хамас што ја уништи фалената одбрана на Израел.

„Тоа утро сфатив дека е готово. Кога војната ќе заврши, морам да одам“, рече тој веднаш по 7 октомври.

Оставката беше објавена пред копнената операција со висок ризик во Рафах, за која Израел верува дека е последното упориште на Хамас во Појасот Газа.

Одлуката е донесена во услови на тензии меѓу Израел и Иран по серијата напади.

Генералот Халива служеше во ИДФ 38 години. Доби благодорност за придонесот „како војник и командант на безбедноста на земјата“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK