Со нова систематизација Синдикатот на Македонска пошта сам ќе ги укине вработените кои не доаѓаат на работа оти Владата и Управниот одбор молчат

Screenshot_16-4-2024_111531_www.facebook.com_.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Синдикатот на Македонска пошта во соработка со вработените и со ангажирање експерти ќе подготви нова систематизација која ќе ја достави до новата влада за да се примени веднаш по изборите. На нивните повици за заедничко решавање на лошата состојба во друштвото не се одѕвале ниту Управниот одбор, ниту Владата како основач на друштвото, иако Македонска пошта е во финансиска криза и во прашање се доведени 2.000 вработени како и егзистенцијата на нивните семејства. Претседателот на Синдикатот Боро Велигденов вели дека со новата систематизација нема да има вработени кои не доаѓаат на работа, ниту пак вработени кои доаѓаат но не си го знаат работното место.


„Нас ни е битно да не се продолжи со оваа лоша кадровска политика, со таа партизација што со години и години наназад се провлекува и ја доведе Македонска пошта до работ на опстојување. Клучен проблем е токму таа систематизација. Како што е постојната систематизација веруваме дека во работењето нема во ниту една институција, само во Македонска пошта. Имаме 15 подружници, 15 директори,  седум членови на Управен одбор шефовски места, раководни позиции, советници, стручни соработници, а се помалку работници во технолошкиот процес. Нашата цел е да изготвиме нова систематизација  која е согласно потребите на друштвото и на пазарот. Да ставиме акцент на технолошкиот процес, на обработка на пратките и сите тие аномалии и проблеми во работењето со таа систематизација ќе се надминат и ќе се позиционираме на пазарот. Ќе ја вратиме Македонска пошта на граѓаните, со редовна и навремена достава на пратки. Да нема повеќе работници кои не доаѓаат на работа, има работници кои доаѓаат, а не знаат кои им се работните места. Затоа е таа нова систематизација, да ја подигнеме продуктивноста во работењето, а со самото тоа ќе ги зголемиме приходите и ќе можеме самостојно да функционираме како друштво“, рече претседателот на Синдикатот, Велигденов.

Вчера вработените зеле плата, но стравуваат за следните исплати оти друштвото е во голема финансиска криза. По протестот минатиот месец, другиот синдикат во Македонска пошта, се повлекол од барањата, па сега  Синдикатот предводен од Велигденов ги преставува барањата на сите вработени. Синдикатот веднаш ќе формира работни групи и ќе ангажира експерти кои ќе ја подготват новата ситематизација, а во меѓувреме подготвуваат и нови протести.

„Во наредниот период заедно со сите вработени, најавуваме и нови активности за организација на протест како и отпочнување постапка за штрајк. Во моментот се прават анкети, се информираат вработените за поголемо учество во понатамошните активности. Во насока на заштита на работничките права ќе ги преземеме сите мерки како што се протестите. Бидејќи сега се избори, моментално имаме консултација со членството и дополнително ќе одлучиме во кој период и како ќе настапиме“, рече Велигденов.

Барањата на Синдикатот и на вработените се итни реформи со нова систематизација, а по изборите и потпишување нов колективен договор по неколкуте протести што ги организираа изминатиов период.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK