Вчерашниот ден Дафина Стојаноска – членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ го искористи и за средба со Здружението на угостители од Тетово.
Како што посочуваат од партијата, оваа категорија на граѓани се крајно разочарани од изминатите 7 години.
„Незадоволни се од третманот, од антикризните-ковид-мерки, од селективните инспекциски надзори и казни и од нереалната конкуренција, т. е. дозволената сива економија. Бараат нивна инволвираност при носењето идни законски решенија, како и изнаоѓање соодветно решение за креирање угостителски кадри, нивно вработување и задржување на работните места, бидејќи имаат проблем со излевањето на вакви кадри, особено во летниот период. Велат дека клучот го имаат ставено во брава, а дали конечно ќе заклучат или не, единствено зависи од идната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Ние сме им биле последната надеж“, велат од партијата.