На прашањето дали Обединетото Кралство ќе го следи истиот пат како САД, односно дека нема да се вклучи во одмаздничката акција на Израел против Иран, шефот на британската дипломатија Дејвид Камерон рече дека „Израел мора да размислува со своја глава, а не со срце“.
Тој додаде дека земјата мора сама да одлучи како да ги заштити своите граѓани. Притиснат од новинарите да кажат дали Обединетото Кралство ќе се приклучи на акцијата на Израел, Камерон изјави дека ОК верува дека не треба да има ескалација.
„Нашиот совет до Израел е да не возвраќа“, додава тој.