Зеленски: Неодлучноста на западните партнери ќе и даде на Русија „дозвола за глобален терор“

Зеленски-Европа-ни-испрати-јасен-сигнал-ја-чекаме-Америка.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави денеска, во врска со синоќешните руски напади врз цивилната инфраструктура во Украина, дека на земјата и е потребна поддршката од западните партнери и дека нејзиното отсуство ќе и даде на Русија „лиценца за глобален терор“.



„Сите наши европски соседи и други партнери ја гледаат критичната потреба на Украина за системи за противвоздушна одбрана“, напиша Зеленски на мрежата Х, додавајќи дека „руските ракети и беспилотните летала Шахед продолжат да ја погодуваат, не само Украина, туку и решителноста на нашите сојузници“.

Тој предупреди дека на Украина и е потребна поддршка, а не „да се врти главата и да се водат долги дискусии“.

„Светот може да покаже дека секој акт на терор се третира подеднакво како злосторство“, посочи Зеленски и рече дека „тој е благодарен на секој лидер кој не молчи и кој ќе продолжи да ја поддржува Украина и да го осудува рускиот терор“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK