Таткото на Дејан, осомничениот за убиството на двегодишната Данка: „Не се однесуваше чудно“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Радослав Драгијевиќ, таткото на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на Данка Илиќ (2), во изјава за „Телеграф.рс“ откако неговиот син беше уапсен за убиство на девојчето, открива дека тој не се однесувал чудно.



Со мирен глас Радослав накратко раскажува дека не знае повеќе детали за случајот кој ја шокираше цела Србија и Европа.

Тој открива дека неговиот син во последно време не се однесувал чудно.

„Дејан не беше збунет, цело ова време беше нормален“, изјави Радослав.

Раскажува дека тој и неговиот син живеат во иста куќа, но дека не поминуваат многу време заедно.

„Наутро излегува од дома, навечер доаѓа. Не знам ништо повеќе за ова додека не го видам“, накратко изјави Радослав.

Таткото на осомничениот Дејан велуи дека лично не го познава Срѓан Јовановиќ, кој исто така е осомничен за убиството на Данка.

„Знам дека се познаваат од работа, јас не го познавам“, рекол таткото на осомничениот Драгијевиќ.

Данка Илиќ (2) исчезна на 26 март околу 13 часот и 45 минути, а сомнежите одта во насока дека по неколку минути Драган и Срѓан ја удриле со службеното возило „фиат панда“, и дека потоа ја ставиле во багажникот и го фрлиле нејзиното тело.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK