Здравко Чолиќ после две години ги израдува фановите со новата песна „Избери ти“ која е создадена во соработка со Дино Мерлин.
Направено е и видео кое е снимено во Сараево.
Текстот и музиката на песната „Избери ти“ ги напиша Дино Мерлин. Ова е трета соработка меѓу двајцата, пренесува „Klix.ba“.
Како што се наведува, „Избери ти“ носи носталгична приказна за сеќавањата на старата љубов која се враќа, а чија судбина ја решава жената која авторот ја нарекува Јелена.
Аранжманот го потпишува Марко Стојановиќ Луис, кој особено ја истакнува играта на динамиката во оваа песна, пишува „Klix.ba“.