Македонската ракометна репрезентација ги дозна имињата на ривалите со кои ќе игра во квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 кое ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.
Ждрепката и беше наклонета на Македонија. За место на континенталниот шампионат, во Групата 1 ќе игра против Словенија, Литванија и Естонија.
Група 2: Унгарија, Црна Гора, Словачка, Финска
Група 3: Исланд, Грција, БиХ, Грузија
Група 4: Шпанија, Србија, Италија, Летонија
Група 5: Хрватска, Чешка, Белгија, Луксембург
Група 6: Холандија, Фарски Острови, Украина, Косово
Група 7: Германија, Австрија, Швајцарија, Турција
Група 8: Португалија, Полска, Романија, Израел
Квалификациите ќе се играат во три термини. Првиот е од 4 до 10 октомври 2024, вториот и третиот се од 10 до 16 март и од 5 до 15 мај 2025 година.
Првите две селекции од секоја група и најдобрите четири третопласирани обезбедуваат учество на Европското првенство.