Вчера во 17 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавено е дека непознати сторители на куполата од црквата „Свети Атанасиј“ во истоимениот манастирски комплекс на тетовското Кале поставиле национално знаме на Република Албанија, а на метален столб на влезот од Калето било истакнато знаме со натпис УЧК, извести СВР Тетово.
Извршен е увид од екипа на СВР Тетово и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.