Момчето на Арина Сабаленка се самоуби, пишуваат белоруските медиуми

b_240319091.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Белоруските медиуми се повикуваат на информациите на полицијата во Мајами и ја пренесуваат трагичната вест – Константин Колцов (42), момчето на Арина Сабаленка и поранешен хокеар извршил самоубиство.


Од Америка, поточно од Мајами, пристигна информација дека починал освојувачот на олимписки медал во хокеј, Константин Колцов, избраникот на Арина Сабаленка, втората тенисерка во светот.

Имаше сомнежи дека причина за смртта е срцев проблем, но белоруските медиуми објавија дека Колцов се самоубил.

„Според истрагата, во понеделникот на 18 март околу 12:39 часот полицијата и противпожарната спасувачка служба отишле кон болница за да го згрижат човекот кој скокнал од балкон. Не се пронајдени сомнителни околности“, изјави портпаролот на полицијата за белоруските медиуми.

Да потсетиме дека Колцов играше за репрезентацијата на Белорусија на Олимписките игри во 2002 и 2010 година и помина дел од три сезони со Питсбург од 2002 до 2006 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK