Средбата на главните преговарачи меѓу Белград и Приштина ќе се одржи на 19 март во Брисел, изјави денеска портпаролот на Европската комисија Петер Стано.
Стано на брифинг со новинарите рече дека специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, ги поканил главните преговарачи во Брисел да продолжат со дискусиите за одлуката на Централната банка на Косово да ја забрани употребата на динарите.
Во рамките на дијалогот ќе се разговара и за други најитни прашања, додаде Стано.