Вчера во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода 31-годишниот М.К. од Штип, извести МВР.
„Тој бил фатен при вршење на кривично дело „тешка кражба“ од стан во Штип, сопственост на Г.Т.(62) и Ф.К.(56), двете од Штип“, соопшти МВР.
Лицето било задржано во полициска станица, за случајот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.