Во белградската населба Дорќол, денеска дошло до конфликт кој прераснал во физичка пресметка, по што на местото биле забележани полиција и екипа на Итната медицинска помош, јави Н1. Според сведоштва на граѓани, во инцидентот била повредена жена, која најпрво се расправала вербално, а потоа била физички нападната, по што, како што се претпоставува, била пренесена со возило на Итната помош.
Dušanova 8 Kod Rade https://t.co/xqmlbppCFF
— Ivona Bjenjaš (@IvonaBjenjas) October 25, 2026
Според изјавите на очевидци и снимките објавени од граѓани, пресметката се случила во близина на пицеријата „Цезар“, чиј сопственик Миќа Совтиќ, наводно, учествувал во конфликтот. До судирот дошло околу 14 часот, кога група лица незадоволни од случувањата во пицеријата се обиделе да го снимаат сопственикот, по што настанала расправија која прераснала во физичка пресметка.
Пицеријата и во претходниот изборен циклус беше споменувана поради сомневања на опозициски активисти дека во неа се воделе паралелни избирачки списоци. На местото на инцидентот биле присутни сообраќајната полиција, а интервентни полициски единици се упатиле кон улицата „Цара Душана“. Засега нема потврдени информации за идентитетот на повредената жена, односно дали станува збор за граѓанка или членка на некој од мобилните изборни тимови.