Принцот Вилијам нема да присуствува на комеморацијата за починатиот крал Константин од Грција од приватни причини, соопштија од Кенсингтонската палата.
Вилијам требаше да присуствува на комеморацијата за кралот Константин во замокот Виндзор.
Кенсингтонската палата одби да даде детали, но рече дека принцезата Кејт Мидлтон и понатаму се опоравува од абдоминална операција.
Принцот од Велс го повика грчкото кралско семејство кое присуствуваше на богослужбата за да ги извести дека не може да присуствува.
Покојниот грчки крал Константин, кој почина во јануари минатата година, му беше кум на Вилијам.
Да потсетиме, Кејт Мидлтон – принцезата од Велс, беше оперирана пред повеќе од еден месец. Кенсингтонската палата тогаш изјавила дека се работи за абдоминална процедура, но не се открива од што боледува Кејт.
Најавено е дека ќе закрепне барем до католичкиот Велигден. Во меѓувреме, Кејт и децата отидоа во замокот Сандрингам за да се опорават во мир.
„Кетрин добро закрепнува. Со нетрпение очекуваше да ја смени средината и да може да се опушти во Норфолк додека децата се забавуваат со Вилијам“, неодамна откри пријател на принцезата Кејт.