Бојмацалиев и Тасевски на традиционален ручек и дружење со децата и семејствата на загинатите припадници на МВР

Бојмацалиев-и-Тасевски-на-традиционален-ручек-и-дружење-со-децата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски , се дружеа со децата на семејствата на загинатите припадници на МВР во Пониква, Кочани за време на неколкудневниот одмор на децата во одмаралиштето на Министерството.


На заедничкиот ручек дополнителниот заменик министер Бојмацалиев го изрази своето задоволство што оваа дружење со децата на загинатите припадници на МВР прерасна во една убава традиција на која имаат можност да се дружат и разговараат за сите актуелни прашања од важност за нив, притоа уште еднаш уверувајќи ги дека во него и раководството на МВР имаат искрени пријатели чие партнерство и пријателство продолжува и се унапредува преку здружението „Херои на Македонија 2001-2015“.

Бојмацалиев и Тасевски и денеска потенцираа пред присутните дека секогаш се тука за нив- децата и семејствата на загинатите припадници на МВР и со целосна поддршка во рамки на законските можности и надлежности позитивно ќе одговорат на нивните барања и потреби.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK