Уапсен маж од Гостиварско, ја запалил својата нива, оганот се проширил кон соседната плевна

Најмалку-40-лица-заробени-во-пожар-во-зграда-во-Албанија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 13 часот и 10 минути полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 81-годишниот Х.Х. од гостиварска Долна Бањица, извести СВР Тетово.


„Тој се сомничи дека претходно запалил оган на неговата нива кој набргу неконтролирано се проширил наоколу и зафатил и оштетил соседна плевна, сопственост на 71-годишниот Н.Д. од истото село, како и пластична цевка поставена во близина“, соопшти СВР Тетово.

Нема повредени во пожарот, а со интервенција на гостиварската Територијална противпожарна единица пожарот целосно е локализиран. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK