Вчера во 20.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од бул.„Октомвриска револуција“ и ул.„Моша Пијаде“ во Куманово, патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(30) од Куманово, удрило во пешакот С.Ј.(55) од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.