Вчера вечер во 19.20 часот, на улицата „Димитар Влахов“ во Охрид, лишен од слобода е 57-годишниот С.Д. од Охрид.
Како што извести СВР Охрид, тој се сомничи дека претходно, во просториите на Итната медицинска помош во Охрид, физички нападнал еден вработен во Здравствениот дом.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.