Руско оружје стигнува до Украинците, Захарова го предупреди Еквадор: Бевте непромислени

Руско-оружје-стигнува-до-Украинците-Захарова-го-предупреди-Еквадор-Бевте.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руското Министерство за надворешни работи денеска ја осуди одлуката на Еквадор да им предаде на САД воена опрема од руско производство, која ќе заврши во Украина, како „непромислено“ прекршување на договорот, пренесе агенцијата РИА. Владата на Еквадор минатиот месец соопшти дека ќе ја прифати понудата од Вашингтон за размена на, како што рече, „украинското и руското старо железо“ за напредна американска опрема вредна 200 милиони долари.


Соединетите Држави соопштија дека оружјето што го добиваат од Еквадор ќе биде испратено во Украина за да и помогне на земјата да ги зајакне своите сили на бојното поле против Русија. Некста во средината на јануари објави дека Еквадорците поседуваат хеликоптери Ми-171Е и лесно преносливи противвоздушни системи Игла.

Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, изјави за РИА дека одлуката на Еквадор е донесена под притисок на надворешни сили. „Таква непромислена одлука донесе еквадорската страна под сериозен притисок од надворешни страни“, рече таа.

„Нашите партнери се добро запознаени со одредбите на договорот, кои вклучуваат обврска да се користи испорачаната опрема за наведените цели и да не се предава на трето лице без да се добие согласност од руската страна“, додаде таа. Властите во Еквадор рекоа дека Москва се противи на овој потег, но дека веруваат дека сепак имаат право да го сторат тоа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK