Левица Карпош: Започнува изградбата на спорната 17-катница, во непосредна близина на болницата „8 Септември“

Левица-Карпош-Започнува-изградбата-на-спорната-17-катница-во-непосредна-близина.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Иако се уште нема јавна информација за издадена Дозвола за градба, веќе започнува оградувањето и подготовка на просторот, известува Левица – Карпош.


„Работниците им потврдија на нашите активисти дека навистина станува збор за изградба на спорниот објект и дека инвеститор е фирмата на Фатмир Етеми. Она за што предупредувавме, се оствари – урбаната мафија не застанува во своите намери да профитира од секој метар општинско земјиште!“, велат од Левица – Карпош.

Левица веќе реагираше дека објектот доби невалидно позитивно конзерваторско одобрение за градба, откако првото беше одбиено бидејќи оваа парцела се наоѓа во заштитено подрачје на зградата-споменик, поранешна „Воена болница“.

Според нив дополнително е спорна и малата оддалеченост од бензинска станица, како и целото решение кое ќе доведе до урбанистички хаос во овој дел на населбата.

„Советот на Општина Карпош изгласа одлука за стопирање и ревизија на овој план, но градежните моќници останаа глуви на сите повици на Левица, граѓанските здруженија и жителите на Карпош, за прекин на изградбата. Градоначалникот Јакимовски, ја занемари волјата на Советот и дозволи парцелизација на земјиштето, со што ја отвори можноста за реализација на планот“, додаваат од Левица Карпош.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK