Русија ја нападна јужна Украина со беспилотни летала

Русија-ја-нападна-јужна-Украина-со-беспилотни-летала.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Русија лансираше 14 беспилотни летала и пет проектили кон Украина во текот на ноќта, соопшти во четвртокот украинското воздухопловство, а системите за противвоздушна одбрана уништија 11 беспилотни летала, пренесува Ројтерс.


Украинските воздухопловни сили на својот канал на Телеграм објавија дека Русија гаѓала главно цели на југот на Украина.

Гувернерот на Одеса, Олех Кипер, на Телеграм изјави дека при нападот на пристанишниот град на Црното Море се повредени две лица.

„И покрај ефективната работа на противвоздушната одбрана во одбивањето на непријателските напади, во Одеса беше погоден индустриски објект, а беа оштетени станбени објекти и цивилна инфраструктура“, рече Кипер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK