Маѓар: Симболично е што „Будимпешта Експрес“ стигна до Белград политички, а не на шини


mohacs-hungary-august-2026-hungarian-depositphotos_900199066_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Унгарскиот премиер Петер Маѓар реагираше на резултатите од парламентарните избори во Србија, на кои Студентската листа извојува убедлива победа.


„Сигурно не бев единствениот што го преплавија носталгични емоции кога ги виде фотографиите што пристигнуваа од Србија синоќа? Симболично е што „Будимпешта Експрес“ пристигна во Белград политички, а не по шини“, напиша Маѓар на социјалната мрежа Икс.

Во својата порака, премиерот на Унгарија алудираше на контроверзниот проект за изградба на брза железница помеѓу Будимпешта и Белград.

Во Србија, тој проект беше обележан со трагедија на реновираната железничка станица во Нови Сад кога 16 лица загинаа при падот на настрешницата, како и со сериозни сомневања за корупција, што сепак предизвика масовни студентски протести.

Новата влада во Унгарија, од друга страна, најави истрага за можни злоупотреби на унгарскиот дел од брзата железница. Неодамна беа завршени безбедносни тестови во Унгарија, а железничкиот сообраќај меѓу Белград и Будимпешта треба да се воспостави во декември.

Маѓар според написите во српксите медиуми, синоќа разговараше по телефон со претставниците на Студентската листа и им честиташе за резултатот од парламентарните избори во Србија, наведувајќи дека ги уверил во поддршката на Унгарија.

Тој пишуваше за изборите во Србија претходно во текот на денот на изборите, кога изјави дека во претходните денови разговарал со лидерите на неколку балкански земји, а денот на изборите во Србија го потсетил на нешто од неговото детство.

Вчера во Србија се одржаа парламентарни избори, по речиси две години масовни студентски и граѓански протести, на кои победи „Студентската листа – студентите победуваат“.

Александар Вучиќ, го призна својот изборен пораз, а низ целата земја, граѓаните излегоа на улиците да ја прослават победата на Студентската листа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK