Мицевски: Главниот послушник и заштитник на криминалот, Љубомир Јовевски, власта го пушти низ вода

Мицевски-Главниот-послушник-и-заштитник-на-криминалот-Љубомир-Јовевски-власта.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Главниот политички егзекутор, слепиот послушник и најревносниот заштитник на криминалот на власта во изминативе 6 години, Љубомир Јовески, денес СДСМ го „пушти низ вода“, напиша на социјанлните мрежи Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.


„По 2 и пол години и 25 продолженија на матичната Комисија во Собранието, по еклатантно кршење и газење на Деловникот, власта сега се откажува од Јовески. Но да не се лажеме, СДСМ преку ноќ не се претвори во добра вила, туку СДСМ се откажува од него само поради тоа што повеќе не им е потребен. Тој својата задача за која што го поставија, очигледно си ја заврши. Тој веќе не е подобен да биде уставен судија бидејќи повеќе не е јавен обвинител и нема да може да им ги крие предметите за нивните криминали и да ги штити криминалците во власта.

Имено, ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ веќе 6 години во сите свои јавни настапи и дискусии во Собранието кажувавме дека овој човек е канцерот на македонското судство, во чиј мандат довербата во судството ја достигна нулата. Неговиот мандат беше проследен со многу скандали, безброј непокренати обвиненија, скриени предмети, смешни пресуди, ослободување на криминалци и уште многу скандали и срамни одлуки.

Сепак, власта дури сега го пушта низ вода Јовески, исто како што ги пушти низ вода и Катица Јанева, но и Вилма Русковска, во оној момент кога таа повеќе не им беше потребна. Така СДСМ функционира, и со луѓето и со институциите. Така било во минатото, така е и сега“, пишува Мицевски.

Според него, полека но сигурно, се гледа крајот на оваа лакрдија.

Оценува дека доаѓа време на ревизии, на преиспитување на некои одлуки и решенија, но и на одговорност за сите злодела и криминали кои што се случија во изминативе 6 години.

„Одговорност и за оние кои што тие криминали ги правеле, но и за оние кои што тие криминали ги штителе.

Никакви повлекувања и никакви премислувања како ова денес, нема да ги спасат од одговорност сите кои 6 години мислеа дека се недопирливи“, додава координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK