Објавени се фотографии од израелските војници кои беа убиени за време на копнените операции против палестинското исламистичко движење Хамас во Појасот Газа.
Претходно беше објавено дека ова е најсмртоносниот ден за израелската армија, со проценка дека загинале 21 израелски војник во нападот.
Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари изјави дека ракетна граната го погодила тенкот во близина на двете згради во кои се наоѓале, јавува Би-Би-Си.
Операцијата беше започната како одговор на нападот што Хамас го изврши на 7 октомври на израелска територија, најголемиот досега извршен од создавањето на Израел.