Изминатата 2023 година го покажа резултатот на успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ, ја резимира годината владејачката СДСМ.
Во партиското соопштение се вели:
Никој не беше оставен сам, се справивме со енергетската криза, работевме посветено за да го направиме животот на граѓаните поднослив и подобар дури и во најтешкиот период.
Платите и пензиите продолжија да растат и во тешки услови обезбедивме историски најсилна економска поддршка за граѓаните од над 2 милијарди евра.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен СДСМ ја покачи на 39.000 денари. Просечната плата денес е 630 евра!
СДСМ просечната плата ја покачи за 270 евра во однос на 2016 година и времето на ДПМНЕ. Тогаш изнесуваше околу 360 евра, или 22.460 денари.
Во споредба со времето на ДПМНЕ, СДСМ за 50% ја зголеми минимална пензија и за 50% ја зголеми просечна пензија.
Во бројки, во време на ДПМНЕ просечната пензија изнесувала 13.754 денари, или нешто над 200 евра. Во март оваа 2023 година, просечната пензија е покачена на околу 20.000 денари, што е зголемување од околу 6.000 денари, односно 100 евра.
Додека ДПМНЕ ја кочење земјата и напредок СДСМ работеше за граѓаните.
Татковината меѓународно ја етаблиравме на пиедесталот со најсилните западно демократски држави, го продолжиме напредокот, прогресот, по вистинскиот, по европскиот пат.