Мицкоски: Во 2024 година да создадеме иднина во која секој ќе се чувствува подобро, имаме сила за големи промени и успеси

Мицкоски-Во-2024-година-да-создадеме-иднина-во-која-секој.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Секој од нас пред Нова Година пишувал честитки или писмо до своите најблиски, до своите херои. Во пресрет на годината на промените пишувам честитка и писмо до Вас, мои сограѓани, бидејќи Вие сте моите херои.

Издржавте многу, не само оваа година, 30тина години Вие со својата сила и умешност ги крепите и семејствата и државата. Вие сте силата на Македонија.
Неспособноста на власта е поразителна, проблемите се големи, а моралот е погазен. Криминалот и корупцијата разјадуваат. Премногу е! Никогаш не било полошо. Вие мои сограѓани заслужувате подобро.

Имајќи полна почит и доверба во Вас, јас Ве замолувам за доверба, за заедно да ги надминеме овие тешки времиња. Време е, светлината да ја победи темнината, да се вратат надежта, моралот и насмевките.

Верувам во вас. Природно е да имаме по некоја разлика, но сите имаме иста цел, и таа не обединува, а тоа е обновена Македонија. Имаме сила за големи успеси и квалитет во 2024 година да создадеме иднина во која секој ќе се чувствува подобро. Ќе има повисок стандард, ќе има ред и поредок, морал и правда, промоција на националните и државни интереси.

Добрите дела, вербата во луѓето и во Бога, и стремежот за промени ни даваат мотив и сила. И знам дека ќе успееме!

2024 година ќе биде годината на промените.

И да, не чека многу работа, но и голема победа за секој еден од вас!

Прославете ги празниците во љубов, пријатно опкружување и добро расположение. Сетете се на сите кои ги сакате и замислете убави желби за секого кого го познавате. Ви гарантирам дека следуваат поубави времиња!

Мои сограѓани, Ви посакувам добро здравје и подобар живот, многу убави моменти Вам и Вашите блиски, многу среќа, радост и насмевки.

Од се срце Ви посакувам промени и иднина.
Среќна, весела и успешна 2024 година!, порачува лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK