Последниве години Општина Аеродром наликува на депонија. И покрај повиците на жителите од општината, градоначалникот никако да се справи со една од основните комунални работи, а тоа е чистотата на јавните површини.
Во немоќ и незнаење како да менаџира со сезонските работници, на градоначалникот најлесно му беше да потпише договор со надворешна фирма која ги чини жителите на Општина Аеродром 335.000 евра.
На последната седница на Советот на општина Аеродром, советникот од Левица, Дејан Ристовски, кој со слики докажуваше колку е нечиста општината, го потсети градоначалникот за неговото преизборно ветување за сезонските работници, во кое тој со леснотија убедуваше дека се’ што треба е да се знае како да се менаџира. Воедно и праша колкава беше неопходноста да се дадат 335. 000 евра народни пари, кога за истата работа се ангажирани сезонски работници.
Муцунски не само што докажа дека не знае да менаџира со сезонските работници, туку ангажираше плус приватана фирма, со што докажа и дека неговото менаџирање со Општината е всушност менаџирање за лични интереси.