Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, ја коментираше изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
„Мицкоски кажа дека нема да имам мир, додека е тој жив, а јас му посакувам долг живот“, рече Спасовски во посета на СВР Куманово.
Мицкоски претходно посочи и дека во овие четири месеци пред изборите се очекува се и додаде „немојте да се изненадите ако предизвикаат тензија, криза без разлика дали е безбедносна или етничка“.