Израелските сили застрелаа и убиле Палестинец на Западниот Брег, а друг им подлегнал на раните од израелскиот напад еден ден претходно, пренесува АП.
Палестинското Министерство за здравство соопшти дека 25-годишниот маж кој денеска им подлегнал на раните бил застрелан за време на рација за апсење во бегалскиот камп Фара во петокот. Седуммина беа убиени во оваа рација, меѓу нив и локален командант на бригадата на мачениците Ал Акса.
Меѓутоа, околностите не беа веднаш јасни за саботното фатално пукање на 25-годишен Палестинец во близина на градот Хеброн. Израелската војска не одговори на барањето на АП за коментар.
Вкупно 274 Палестинци се убиени на окупираниот Западен Брег од почетокот на конфликтот пред два месеци – повеќето биле убиени за време на престрелките што израелската војска вели дека започнала за време на операциите за апсење на осомничени милитанти.