(Видео) Весна Петрушевска: Мајката и сестрата на Вања се болни, во целата колективна траума заборавивме на нив

Видео-Весна-Петрушевска-Мајката-и-сестрата-на-Вања-се-болни.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Актерката Весна Петрушевска објави видео на својот „Инстаграм“ профил во кое вели дека сестрата на Вања била подложена на операција на срцето, а мајката има сериозни здравствени проблеми со дишењето.

„По целата оваа колективна траума, заборавивме на мајката на жртвата Вања и нејзината сестричка. Многу зборуваме за злосторниците и да, така треба, но ги заборавивме жртвите на насилство, во овој случај тие се директни жртви на насилство, нејзината мајка и нејзината сестричка. Само сакам да ви укажам дека треба да размислите пред што било да објавите или да коментирате. Да размислите на овие две невини суштества чијашто тага во овој момент е немерлива, нивниот живот е скратен, тие се живи мртовци. Тагата е огромна“, вели Петрушевска.

Додека се зборува за камерите, „цитроенот“, за прес-конференцијата, вели актерката, никој не праша што се случува со мајката на Вања и нејзината сестричка.

„Тоа е поразот наш, и тоа е она што нас ќе нè зафркава во овој животен век. Не сум сигурна дали оставаме добар свет за оние генерации коишто доаѓаат“, вели Весна во видеото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vesna Petrushevska (@vesnapetrushevska)

Денес за првпат се огласи мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, која кажа дека има хронична болест, но се држи, а другата ќерка моментално е болна, но сите се надеваат дека ќе биде добро. Во разговорот, мајката им порача на новинарите да не ја прашуваат ништо за нејзината друга ќерка и за тоа како таа се справува со ситуацијата. Не сака да каже колку години има другото девојче, и во моментов најважно и е да ја заштити.

Мајката на Вања во разговорот рече и дека се уште не може да разбере што се случило, а за поранешниот сопруг кажа дека биле во добри односи поради децата, но не знае што правел тој и со кого комуницирал.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK