(Видео) Кузеска: Дали средбите на Мицкоски со монструмот Палевски се причина за манипулациите на ДПМНЕ

Видео-Кузеска-Дали-средбите-на-Мицкоски-со-монструмот-Палевски-се.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ова можеби е една од најтешките прес-конференции бидејќи сметавме дека нема да се случи волку ниско да поднат ДПМНЕ и најгрозоморното убиство во Македонија да го користат во дневна политика. Но, колку и да е тешко мора да побараме одговорност од Мицковски но и одговори на неколку прашања, го почна своето излегување пред новинарите портпароката на СДСМ, Богданка Кузеска.


Таа изјави дека Мицкоски и ДПМНЕ имаат очигледно изопачена потреба да ја полтизираат и злоупотребуваат смртта на Вања, но нивните настапи, вели, сега добиваат нова опасна димензија.

„Во интервју Мицкоски, без око да му трепне, рече дека има поинакви информации за случајот, за што треба итно да биде повикан во ОЈО и да ги достави. Сакаме да потенцираме дека прикривање докази е кривично дело. Очекуваме институциите веднаш да постапат. Доколку се докаже дека Мицкоски немал докази, сметаме дека постојат елементи за одговорност за негова и тоа првично за поткопување на истрагата, но и второ ширење паника и страв меѓу населението. Злоупотребата на убиството на дете во политичка цел и етички и од секој аспект е „еднакво злосторство“ како и самото убиство“, рече Кузеска.

Понатаму таа побара од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и да одговорат дали овие манипулации кои ги прават се со цел да дефокусираат од неодговорените прашања на Мицкоски за средбите што ги имал со Палевски.

„Го прашаа некои медиуми, а еве денеска ние повторно прашуваме дали се гледале и за што разговарале и договарале Мицкоски и Палевски? Палевски беше близок соработник на режимот на ДПМНЕ, кој јавно го поддржуваше Мицкоски, но и нивниот коалициски партнер Левица. Со радикални ставови, Палевски беше алатка на ДПМНЕ во црна кампања против СДСМ но и против се што означува демократија во Македонија и за подгревање етнички тензии. Како дел од Бојкотирам заедно со ДПМНЕ и Левица беа против членството во НАТО. Неговата маргинална политичка партија со радикална и проруска ориентација е производ и алатка на политиките на преќутна агресија од страна на ДПМНЕ во изминативе две децении“, рече Кузеска.

Понатаму таа додаде надлежните органи, пред се Јавното обвинителство согласно законот имаат обврска да ги истражат односите на Палевски со сите негови соработници вклучително и Мицкоски.

Христијан Мицкоски во најмала рака, вели Кузеска, треба пред јавноста сам да одговори на сите прашања. Секој треба да одговара според закон доколку креира лаги особено за вакви сензитивни и сериозни настани како случајот со убиството на малата Вања, додаде таа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK