Вчера вечер во 19.00 часот во Полициската станица Аеродром бил извршен службен разговор со 18-годишниот Р.Б. од село Св.Петка, скопско, извести МВР.
Според пријавеното, околу 17.30 часот на улица „Трета македонска бригада“ во Скопје тој со пиштол му се заканил на 22-годишниот У.Р. од Скопје, соопшти МВР.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.