Синоќа, десетина минути по полноќ, полицијата го приведе 37-годишниот тетовец М.В..
Тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга со која биле во бракоразводна постапка.
Мажот е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.