Полицијата вчера во близина на езерото Треска, го приведе полскиот државјанин, Л.В.П.(59).
Тој бил затекнат со автомобил „мерцедес“, со полски национални ознаки, а при извршена проверка било констатирано дека нема пријавен престој во државата, додека при преглед во возилото била пронајдена поголема количина на лекови во форма на таблети без соодветна документација за потекло и за нивен транспорт.
По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.