Вчера во 16.20 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на магистрален пат во Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген венто“ со охридски регистарски ознаки управувано од Г.Б.(58) од с.Заграчани, струшко и патничко моторно возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ф.Е.(33) од с.Радолишта, струшко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „фолксваген венто“, додека со телесни повреди се здобил возачот на другото возило, констатирани во Медицинскиот центар Струга.
Увид бил извршен од увидна екипа од Полициската станица Струга.