Судењето за корупција на Нетанјаху продолжува во екот на војната против Хамас

Нетанјаху-Ни-кажаа-дека-нема-да-можеме-да-влеземе-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во екот на војната против Хамас, судењето за корупција на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху продолжи по двомесечна суспензија поради нападот на палестинските екстремисти од Газа на 7 октомври врз јужен Израел.


Нетанјаху (74) во три случаи е обвинет за измама, нарушување на довербата и поткуп, а тој ги негира сите обвиненија.

Во еден случај што се разгледува пред судот во Ерусалим, Нетанјаху е осомничен дека се обидел да влијае на поволното известување за него и неговото семејство на веб-страницата на весникот Вала во замена за усвојување на прописи од кои би можел да добие финансиски бенефиции во износ од стотици милиони долари.

Во друг случај, израелскиот лидер е осомничен дека од 2007 до 2016 година добивал богати подароци, пури, шампањ и накит во вредност од околу 176.000 евра од богати поддржувачи.

Нетанјаху е осомничен дека промовирал даночни одредби во замена за подароци кои би му овозможиле да заработи милиони долари, но тоа беше спречено од Министерството за финансии.

Нетанјаху тврди дека добивал подароци само од пријатели и дека не ги барал.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK