Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по наместа влажни коловози. Магла со видливост до 100м. Има на Ѓавато, соопшрија од АМСМ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.